СПОРТФУДБАЛ

Aнчелоти смирува: Килиан Мбапе не е сериозно повреден

Реал Мадрид вчера триумфира против Аталанта и освои нови три бодови во Лигата на Шампиони (ЛШ), но навивачите ги загрижи повредата на францускиот напаѓач Килијан Мбапе.

Мбапе мораше да биде заменет откако почувствува болка, а тренерот Карло Анчелоти ги смирува навивачите и тврди дека повредата не била сериозна.

„Килијан почувствува непријатност во бутниот мускул. Мислам дека не е ништо сериозно, иако ќе оди на детални медицински прегледи. Не можеше да трча, а тоа го загрижи и затоа решивме да го замениме. Сепак, мислам дека се преоптовари“, кажа Анчелоти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button