СПОРТФУДБАЛ

Анчелоти: Среќен сум што се пласиравме во полуфиналето во Лигата на шампионите

Фудбалскиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека е среќен поради пласманот на мадридскиот клуб во полуфиналето на Лигата на шампионите и истакна дека неговиот тим има голем предизвик против Манчестер Сити, пренесуваат шпанските медиуми.

Фудбалерите на Реал синоќа се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, бидејќи во реваншот од четвртфиналето на гостински терен по подобро изведување пенали го победија Манчестер Сити со вкупни 5:4.

По регуларниот дел од натпреварот и продолженијата, резултатот беше израмнет 1:1. На првиот натпревар одигран минатата недела во Мадрид беше нерешено, 3:3.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button