Андоновски: Хибридни напади ќе има, важен е одговорот од институциите

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека се хрибридни закани пораките по електронски пат што во петокот ги добија училиштата со предупредувања за поставени експлозивни направи, за кои подоцна се утврди дека се лажни дојави по проверките од полицијата.
„Разликата од претходно е што веднаш, уште утрото, се слушнавме со министерката (за образование), организиравме со министерот за внатрешни работи една ад хок работна група која ги разгледа проблемите со кои се соочува системот, развивме неколку методологии коишто треба да се следат во наредниот период за превентива на подолг рок, изјави Андоновски при посетата на ОУ „Димитар Македонски“ по повод одбележување на Денот на безбеден интернет.
Посочи дека МВР, МОН и општините постапиле „многу соодветно во текот на денот“, дека биле решени последиците и оти сега се работи и на причините „зошто ова ни се случува“.