ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Андоновски најави укинување на балансерот: Стручноста пред етничката припадност

Укинувањето на балансерот ќе оди во фази, најави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

„Во првата фаза ќе се вратиме на законските основи на Пописот од 2021 година, а потоа со закон и промена на методологијата ќе одиме кон целосно укинување на алатката балансер при што целосно ќе се почитува темелната вредност на Уставот – соодветна и правична застапеност на етничките заедници“, рече Андоновски.

Нагласи дека со тоа ќе се стави крај првично да се биде од некој етникум, а потоа да се биде професионалец во некоја област и да се има квалитет и образование. Стручноста, додаде, ќе биде пред изборот на етничка припадност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button