МАКЕДОНИЈА
Андоновски: Власта ги криеше пратениците за да не се види дека нема легитимитет

Непојавувањето на пратениците на СДСМ и на ДУИ на седницата за интерпелација на владата за Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ е преседан што досега се нема случено во земјата. Како што оцени тој, таквиот чекор бил преземен за да не се утврди дека власта нема легитимитет.
„СДСМ одлучи, заедно со ДУИ, да ги повлечат пратениците, да ги скријат, тоа е политички преседан…да не ја бранат сопствената влада… мое мислење е дека се плашеа, дека ќе имаат пратеници кои ќе гласаат против таа влада го направија токму тоа, ги криеја пратениците или по ходниците или на некои незнајни локации, па имавме исчезнати пратеници, само да не се дозволи гласање и да се види дека владата нема легитимитет“, рече Андоновски.