ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Андоновски: Започнува укинувањето на балансерот

Андоновски: Започнува укинувањето на балансерот

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека е започната првата фаза од укинувањето на балансерот односно алатката која треба да гарантира правична и соодветна застапеност на етничките заедници во државните институции.

Тој информираше дека сега балансерот ќе важи само за лица резиденти, додека оние кои се регистрирани во странство нема да бидат дел од алатката.

И додека премиерот Христијан Мицкоски најавува целосно укинување на балансерот, владиниот партнер ВЛЕН неколкупати најави дека укинувањето на балансерот ќе биде заменето со закон за правична и соодветна застапеност на заедниците во државните институции.

Прашањето за укинување на балансерот веќе подолго време е тема на дебата, бидејќи во минатото имаше големи злоупотреби. Впрочем, имаше случаи кога граѓаните лажно се претставуваа како дел од друга заедница само за да се вработат. Од друга страна, државата нема правни механизми да ја спречи оваа злоупотреба.

Имаше и критики за пристапот да се даде приоритет на етничката припадност пред квалитетите на кандидатите. Основната цел на овој инструмент, кој се заснова на Охридскиот договор и Уставот, е да се спречи дискриминација по етничка припадност при вработување./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button