Andreas Трајковски со најдобар скок сезонава, стигна до осмото место во Белград

Андреас Трајковски со најдобар скок сезонава од 7.72 метри го освои осмото место во силна конкуренција на атлетскиот митинг во сала во Белград кој е еден од деветте златни митинзи под капата на Светска Атлетика.
Со последниот настап Андреас испиша историја за македонската атлетика како првиот македонец кој некогаш настапил на натпреварување од оваа категорија. Овој скок е само за седум сантиметри послаб резултат од актуелниот македонски рекорд кој е во сопственост на Андреас поставен минатата година на Балканијадата во Истанбул.
Победник во Белград беше Тобиас Ментлер од Шведска со скок од 8.23 метри, второто место го освои Исак Гримс од САД со скок од 8.13 метри, додека третопласиран беше Божидар Сарабујуков од Бугарија со прескокнати 8.06 метри. Олимпискиот шампион Милтош Тентоглу мораше да се задоволи со четвртото место со за него скромни 8.05 метри.
Следен настап на Трајковски ќе биде на Балканијадата во сала која на 15 февруари ќе се одржи во истата сала во Белград.