ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Андреј Ковачев: Стево Пендаровски е иницијатор на „црните списоци“ во РСМ

Македонскиот претседател Стево Пендаровски во јануари или февруари имал средба со нивните служби, а на таа средба станало јасно дека тој е иницијатор на „црните списоци“. Ова за БТВ го изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Според Ковачев, на овие листи се појавиле и европратеници. Тој нагласи дека на нив има 99 отсто Бугари.

Advertisements

Според Ковачев, ако кажеш дека Гоце Делчев се дефинирал како Бугарин, нема да можеш да влезеш во Македонија.

„Може да воведат декларации на границата и ако потпишете дека Гоце Делчев се дефинирал како Бугарин, нема да можете да влезете во земјата“, рече тој.

Според него, прашањето со нашиот сосед е многу долго, а неговиот почеток датира од 90-тите години, откако Бугарија го поддржала создавањето на Северна Македонија по распадот на Југославија. Според неговите зборови, Бугарија повеќе од 25 години молчела на оваа тема, но увери дека во секоја декларација во ЕУ пишува за дискриминација на Бугарите.

„Бугарија категорично не се однесува со Северна Македонија како што се однесува Русија со Украина, вистината е спротивна. Човековите права се клучни за ЕУ. Во Скопје ако тврдиш дека си Бугарин е проблем. Оваа земја е кандидат за Европската Унија. Го повикувам Националното собрание итно да ги усвои измените на законот за бугарско државјанство“, рече тој.

Според него, историската комисија е апсолутно блокирана и не работи.

„Вистината за историјата не може да ги дискриминира луѓето што живеат сега. Нема шанси да не натерате да молчиме за дискриминацијата и историските факти“, заклучи европратеникот.

На петмина бугарски државјани, меѓу кои и европратеникот Андреј Ковачев, пред две недели дена им беше забранет влез во Македонија. Во образложението за таквата одлука, од МНР посочија дека дел од петмината бугарски државјани на кои им било забрането да влезат во земјава на 6 мај, биле и лица за кои Министерството за внатрешни работи (МВР) имало сознанија оти претставуваат ризик по јавниот ред и безбедност. Сепак, од МНР додадоа дека европратеникот Ковачев не е еден од нив, но надлежните служби донеле одлука да му го забранат влезот и нему поради групата со која патувал.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button