СПОРТ

Андреј Рубљов рано го заврши настапот на Австралија Опен

Русинот Андреј Рубљов рано го заврши настапот на Австралија Опен откако денес беше изненаден од Бразилецот, Жоао Фонсека. Не само што Фонсека го победи Рубљов туку и доминираше на теренот без да му дозволи да освои сет.

Advertisements

Сите три сета му припаднаа на младиот Бразилец со 7-6, 6-3, и 7-6. Противник на Фонсека во второто коло ќе му биде Лоренцо Сонего од Италија кој го елиминираше ветеранот и поранешен шампион од Мелбурн, Стен Вавринка.

Инаку, Фонсека кој има 18 години минатата година настапи на турнирот за млади тенисер до 21 година и успеа да го освои.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button