Ангажирањето на образовни асистенти доцни поради ребалансот
Ангажирањето на образовни асистенти доцни поради ребалансот

Се очекува средните училишта во земјава да добијат образовни асистенти во јануари 2025 година. Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека прашањето за асистентите во училиштата ќе се регулира со измени во Законот за основно, средно и средно стручно.
Министерката Јаневска образложи дека доцнењето на асистентит за оваа учебна година е поради ребалансот на буџетот. Министерството за образование и наука пред извесно време соопшти дека во новата учебна 2024/2025 година во редовните основни училишта ќе бидат вработени над 1000 образовни асистенти, кои ќе помогнат во унапредување на образовниот процес на учениците со посебни потреби и ќе им помагаат во реализацијата на секојдневните училишни задачи.
При посетата на едно од училиштата на општина Аеродром, министерката Јаневска ги придружуваше челниците на општината и училиштето при дистрибуцијата на 860 таблети за четврто одделение вредни над 6 милиони денари, инвестиција на општината.