ВЕСТИРЕГИОН

Ангел Димитров: Собранието, владата и претседателот во Бугарија единствени кон прашањето за С. Македонија

Владата, претседателот и Собранието во Бугарија имаат единствен „монолитен“ став околу прашањето со Македонија, вели во интервју за бугарската национална телевизија, БНТ, бугарскиот претседател на македонско-бугарската комисија за историски прашања, Ангел Димитров.

Advertisements

– Тоа е ставот, како на Владата, така и на Народното собрание и на сите партии застапени во него, а исто и на претседателот, заклучува Димитров.

Димитров, кој е и поранешен бугарски амбасадор во земјава, оценува дека постојат разлики меѓу политичарите и историчарите од македонската страна.

– Политичарите од двете страни сакаат напредок, но историчарите од македонска страна на комисијата прават сѐ што е можно да не се случи тоа, оценува Димитров.

Тој смета дека ваквиот пристап го одложува решавањето на разликите во блиска перспектива.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button