МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Има нови индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат

За пожарот којшто во неделата околу пладне изби покрај магистралниот пат кој од Скопје води кон граничниот премин Блаце, се појавуваат нови индиции дека е подметнат, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Advertisements

„На местото на избувнувањето на овој пожар можев да видам дека линијата на огнот е многу широка за пожар кој би се појавил од фрлен отпушок од цигара. Денеска утрово, додека пожарникарите работеа на негово догаснување, најдоа на неколку места дрвени палети, претходно најверојатно намачкани или прелиени со бензин и фрлени во смреки. Некој намерно утрово се обидуваше да го реактивира овој пожар, којшто е под контрола“, кажа Ангелов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button