Ангелов: Интервениравме навреме, снегот не нѐ изненади

Снегот воопшто не нѐ изненади и реагиравме на време, вели во интервју за емисијата „Економски Магазин“ првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Како што вели тој, за време на снежните врнежи невозможно е да се очекува патиштата да не се лизгави. Тоа не го може никој во Европа, вели тој додавајќи дека во случај на интензивни врнежи граѓаните требало да бидат потрпеливи и да не патуваат кон места каде однапред се знае дека ќе има снежни наноси.
„Екипите на Македонија пат излегоа на терен. Во моментот додека снегот врнеше, автопатиштата и магистралните патишта се чистеа во реално време. Но, колку и да сте организирани, значи многу поорганизирани држави од Македонија…нормално е додека врне снег да имаме лизгави места и нормално е некаде снегот да прави навеви. Треба енормен број на механизација за еден автопат да биде целосно исчистен. Таков пример немаме никаде во Евроопа“, вели Ангелов.