ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ангелов: Шумите се палат намерно за потоа дрвата да бидат поевтини

Шумите се палат намерно за потоа дрвата да бидат поевтини, изјави во гостување на „Клик Плус“ на ТВ21, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Advertisements

„Причината за пожарите, за жал, е човекот. Има пожари настанати и од електрични инсталации. Земјоделците остатоците од жито го палат и тоа брзо се шири. Затоа апелирам да не го палат, тоа е забрането. Понатаму алат со искри, за заварување, може да запалат трева и потоа тоа да се прошири затоа што е топло и сува е тревата. Возачи фрлаат отпушоци од цигара и покрај автопатот се пали тревата која брзо се шири. Исто така се палат шуми намерно за потоа дрвата да бидат поевтини. Затоа со државата работиме да го надминеме и овој проблем. Крадците палат шума за потоа да ја купат поевтино“, рече Ангелов.

Тој додаде дека статистиките се алармантни, а пожарникарите секојдневно гаснат по 20 пожари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button