ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ангелов со апел до граѓаните и градоначалниците: Состојбата со пожарите е алармантна

Состојбата со пожарите на отворен простор е исклучително алармантна. Само во текот на вчерашниот ден имаше 60 пожари, вели директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, апелирајќи до земјоделците да не ги палат стрништата, а сточарите пасиштата.

Advertisements

– И покрај вчерашното интезивно гаснење шест пожари на отворено гореа во текот на целата ноќ и се уште се активни, од кои четири се поголеми и поопасни. До вечер ќе станат многу повеќе. Напоменувам дека и најмалиот пожар за миг може да прерасне во голем пожар кој ги загрозува човечките животи, здравје и имот, нагласува Ангелов.

Тој информира дека во текот на викендот почнувајќи од петокот, заедно со сабота и недела имало вкупно 116 пожари на отворен простор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button