ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ангелов: Трите „Ер трактори“ на ДЗС во овој момент се нефункционални

Државата располага со четири функционални хеликоптер за гаснење на пожари од кои три се во рамки на МВР и еден на Армијата, како и три „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување – ДЗС, но за жал во овој момент се нефункционални. Причина за тоа е што двајца пилоти заминале во пензија, а со само еден активен пилот авионите не смее да летаат, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Advertisements

Проблемот, Ангелов очекува да се надмине од новата влада, бидејќи како што појасни иако директорот на ДЗС уште пред два и пол месеци побарал Владата да дозволи пензионираните пилоти да продолжат да работат со договор на дело, тоа техничката влада не го направила.

– Денеска сме недоволно подготвени, но за максимум десет дена ќе бидеме драстично повеќе подготвени, бидеќи верувам дека веднаш по формирањето владата ќе помогне да бидат ставени во функција трите „Ер трактори“ и ќе биде решен проблемот на ЈП „Македонски шуми“, изјави Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање дали државата е подготвена за справување со летните шумски пожари.

Во ситуација, како што посочи Ангелов, кога не очекува топло и жешко лето, на ниво на државата моментално има 938 пожарникари, но потребни се уште 670 според информациите од сите територијални противпожарни единици. Најалармантна, според Ангелов, е состојбата во Пожарна Скопје.

-Апелирам до сите градоначалници да примаат млади луѓе кои што се здрави и можат да одговорат на гаснењето на пожари. Во овој момент просечна старост на пожарникарите е 42,5 години, изјави Ангелов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button