ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Анѓеловиќ: Контроверзни условувањата за промена на Уставот

Политикологот Ивор Анѓеловиќ, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, коментирајќи ги изјавите на лидерот на партијата Алијанса, кој поддршката за уставни измени ја услови со бришење на уставната одредница – 20% и нејзина замена со – албански јазик, рече:

Advertisements

„Од научна гледна точка тоа е контроверзно бидејќи за сѐ она што албанското малцинство во Македонија, под наводници, се бореше да го добие како привилегија, мислам дека со формулацијата го рушат формалниот правен темел на сите тие привилегии. Не права, туку привилегии кои ги уживаат како етникум. Ако ја избришете таа формулација од Уставот, тогаш го отворате патот на сите останати малцинства. Зошто да не се збори на турски и на српски во Парламентот, ако не постои процент, како темел зошто Албанците до сега ги уживале тие привилегии“, рече Анѓеловиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button