
Пелистер вечерва од 18.45 часот ќе му гостува на Динамо Букурешт во натпревар од третото коло од новата сесзона во Лигата на Шампионите.
Тренерот на Пелистер, Бранислав Ангеловски пред овој меч, најави дека неговите играчи ќе го дадат максимумот, и покрај тоа што потоа им следува дерби со Вардар во македонскиот шампионат.
За Динамо, Ангеловски кажа дека се сериозна екипа, дека имаат одлични играчи, екипа во подем, и очекува секој од неговиот тим да го даде максимумот.
„Играме против сериозна екипа, екипа во која играат играчи кои настапуваа во Барселона, и не се случајни нивните две победи во првите две кола во ЛШ. Одиме со позитивна енергија, да дадеме максимум да видиме што можеме да направиме, и без разлика што играме за многу краток период со нашиот најголем ривал Вардар, не одиме да се штедиме, туку да дадеме максимум колку можеме во овој момент. Играме против тим кој исклучително напредува, Динамо Букурешт е државен проект, и не случајно за 8-9 години се шампиони на Романија, и одат скалило погоре секоја година. Беа во Ф4 на Лигата на Европа минатата сезона“, рече Ангеловски