СПОРТФУДБАЛ

Англија, најмногу играчи во Топ 11 најскапи футбалери во ЕП

„Гордиот Албион“ има најмногу играчи во Топ 11 најскапи фудбалери на Европското Првенство кое денес започнува во Германија. Дури четири, според Transfermarkt.

Специјализиран фудбалски сајт, кој ја мери пазарната вредност на секој поединечен учесник на Eвропското првенство, дојде до сознание дека англичаните имаат квартет скапи адути. Почнувајќи од Трент Александер-Арнолд, кого го ставија во „идеалните 11“ на позицијата десен бек, со вредност од 70.000.000 евра. Следен е Деклан Рајс, како дел од играчите од средниот ред (120 милиони). Пред него во улога на крилен фудбалер Фил Фоден (150 милиони), како и феноменалниот Џуд Белингем на позицијата централен играч за врска, вреди 180 милиони.

Португалците се втори по број: голманот Диого Коста (40 милиони), стоперот Рубен Диас (80 милиони) и левото крило Рафаел Леао (90 милиони). Франција ја претставуваат стоперот Вилијам Салиба (80 милиони) и центарфорот Килијан Мбапе (180 милиони).

Има по еден Хрват – Јошко Гвардиол (лев бек, 75 милиони) и Шпанецот Родри, доделен на позицијата втор дефанзивен играч за врска во најскапиот состав на шампионатот (120 милиони).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button