
Англиските клубови ќе бидат најбројни во завршницата на трите европски клупски натпреварувања. Пет тима од Англија ќе играат во четвртфиналето.
Во Лигата на Шампиони (ЛШ) се Манчестер Cити и Арсенал, во Лига Европа (ЛЕ), Ливерпул и Вест хем, а во Лигата на Kонференции (ЛК), Астон Bила.
Италија во оваа фаза ќе биде претставена со четири екипи: Милан, Аталанта и Рома во ЛЕ и Фиорентина во ЛК.
По три клуба ќе имаат Шпанија, сите во ЛШ: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона, Франција, ПСЖ во ЛШ, Марсеј во ЛЕ и Лил во ЛК, и Германија, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд во ЛШ и Баер Леверкузен во ЛЕ.