ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Анкета: 80% од лекарите доживеале насилство на работното место

Анкета: 80% од лекарите доживеале насилство на работното место

Околу 80% од лекарите вработени во Македонија доживеале вербално или физичко насилство на работното место. Со тешки телесни повреди завршиле 13 анкетирани лекари. Во меѓувреме, голем дел од нив се соочиле со навреди од пациентите. Ова се податоците на Лекарската комора, кои произлегоа од анкетата спроведена со лекарите, која беше изработена по повод одбележувањето на светскиот ден против насилството врз здравствените работници. Здравствените работници предупредуваат дека особено жените кои работат во здравствените установи се жртви на напади и дискриминација на работното место.

Advertisements

Со измените на Кривичниот законик, вербалното или физичкото насилство врз лекари и други здравствени работници се смета за кривично дело „попречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. Дела како употреба на сила, тешки закани, навреди, вознемирување, телесни повреди или закани со оружје врз лекари или други здравствени работници се кривични дела за кои е предвидена казна затвор од шест месеци до 5 години./Алсат.мк

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button