Анкета: Мнозинството граѓани сметаат дека ЕУ е неправедна кон Македонија

И покрај растечкиот скептицизам за влез на земјата во ЕУ, 53% од испитаниците на Евротинк се согласуваат дека пристапувањето во ЕУ е добра работа за земјата, во споредба со 49% во 2022 година. Истражувањето покажува дека 55,8% од испитаниците сметаат дека ЕУ е неправедна, арогантна и уценувачка кон Македонија, додека 27,5% рекле дека односот на ЕУ со Македонија е фер, пријателски и коректен. Директорот на „Евротинк“, Димитар Николовски, оцени дека Албанците се најоптимистички расположени во земјава.
Загрижувачки е што 30% од испитаниците сметаат дека земјата никогаш нема да влезе во ЕУ, во споредба со 12% кои сметаат дека тоа ќе се случи за 5 до 9 години. На прашањето „Општо земено, во која насока се движат работите во Северна Македонија“, 54,4 отсто одговориле во „сосема погрешна насока“, додека само 12,6 отсто „многу добра насока“. Сепак, за 60,8% од испитаниците, ЕУ е најдобрата опција за земјата, што е зголемување од 2% во споредба со 2022 година, кога 58% одговориле на овој начин. Додека 35,6% сметаат дека земјата треба да бара свој модел на развој надвор од ЕУ.
На прашањето дали веруваат дека постои држава или меѓународна организација што претставува закана за земјата, 48% одговориле со „да“.Најголем процент -рекле дека тоа е Бугарија, по што следи Русија со 6,3%, Албанија со 2,7% и Србија со 2,4%. На прашањето која земја или меѓународна организација е најголем пријател на земјата, мнозинството, 39,6%, се за Србија, по што следат САД со 13,7%, Турција со 10% и ЕУ со 8,4% од испитаниците. Анкетата „Еурометар 2023“ беше спроведена од агенцијата Брима во текот на септември, на репрезентативен примерок од 1003 испитаници, сите возрасни.
Аднан Ќаили