ВЕСТИСВЕТ

Анкета: Пораз нема да признаат повеќе од 40 проценти од поддржувачите на Бајден и на Трамп!

Повеќе од 40 проценти од приврзаниците на претседателот Доналд Трамп и неговиот демократски предизвикувач Џо Бајден нема да ги признаат резултатите од изборите на 3 ноември, доколку нивниот кандидат загуби, според анкетата на Ројтерс и Ипсос.

Advertisements

Анкетата спроведена од 13 до 20 октомври покажува дека 43 проценти од приврзаниците на Бајден нема да ја прифатат победата на Трамп, додека 41 процент од Американците кои сакаат реизбор на Трамп нема да ја прифатат победата на Бајден.

Околу 22 проценти од приврзаниците на Бајден, или 16 проценти од поддржувачите на Трамп, изјавиле дека ќе преземат активности, улични протести, па дури и насилство, со цел да го искажат своето незадоволство, доколку нивниот кандидат изгуби.

Американските власти задолжени за спроведување на изборите се соочуваат со низа предизвици оваа година, имајќи ја предвид зголемената недоверба на јавноста кон изборните резултати. Врвните американски безбедносни служби минатата недела предупредија дека Русија и Иран го напаѓаат американскиот изборен систем за да ги „минираат“ изборите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button