ВЕСТИСВЕТ

Анкета: Речиси половина од младите луѓе во Велика Британија би сакале да живеат во свет без интернет

Најновото британско истражување покажа дека речиси половина од младите луѓе на возраст од 16 до 21 година би претпочитале да живеат во свет без интернет, објавија денес британските медиуми.

Advertisements

Во исто време, 50 проценти од анкетираните го поддржале ограничувањето на користењето на интернет по 22 часот, а речиси 70 проценти рекле дека се чувствувале полошо по посетата на социјалните медиуми, објави „Гардијан“.

Анкетата покажа дека една четвртина од анкетираните поминуваат четири или повеќе часа на ден на социјалните медиуми, додека 42 проценти рекле дека ги лажат своите родители за тоа што прават онлајн.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button