ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Анкета за Кривичниот законик: Политичарите мислат на себе, а не на граѓаните

Граѓаните се загрижени за измените во Кривичниот законик, во кој се предвидува на државните функционери да им се преполоват затворските казни, а за оштетување на државниот буџет целосно да им се укине затворската казна. Тие велат дека политичарите работат повеќе за себе отколку за доброто на народот.

Advertisements

„Да не работат случајно за народот! Друго е тоа што велат, дека ние работиме за народот, воопшто не ги интересира народот, народот го оставиле во бездната. Луѓето не знаат каде да одат, немаат глава и не знаат каде одат, тело без глава!..

„Според мене, казните се нула, додека не влеземе во Европа, ништо не може да се промени. Нема ред, нема кој да ги контролира. Треба некој да го контролира буџетот, за да можеме да опстоиме. Во спротивно, нема ништо“, реагираат граѓаните.

Јакуп Весели

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button