Антикорупциска до Груби: Немаме капацитет да се возиме во службени возила 24/7

Последната изјава на вицепремиерот Артан Груби, Комисијата за спречување на корупцијата, ја смета за вршење притисок во нивната работата и обид за дефокусирање на јавноста. Груби рече дека членовите на Антикорупциска немале капацитет да ги завршат предметите до крај.
Антикорупциска потсетува дека изјавата на Груби доаѓа само неколку дена откако беа критикувани од вицепремиерката за добро владеење, Славица Герковска.
„Во право сте г. Груби, Антикорупциска нема капацитет да вози службени автомобили 24/7 за приватни цели, да злоупотребува државни простории, да користи службени платежни картички, ниту да злоупотребува буџетски пари, но бидете сигурни дека има капацитет да ги исполни законските обврски и овластувањата и да процесуира многу иницијативи и препораки кои го чекаат редот и времето за постапување по нив. Антикорупциска има капацитет да се справи со вашите оркестрирани напади“, наведоа од Антикорупциска.
Вицепремиерот Груби вчера во интервју за Сител, зборувајќи за случајот со Рамиз Мерко и внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, рече дека оваа институција нема капацитет да ги заврши предметите. Груби верува дека критиките на антикорупциска кон него се лични.
„Сите овие години немаат никаков успех. Јас ги избрав. Бев член на Комисијата која ги интервјуираше членовите… Секако дека имам доверба во институцијата, но се сомневам во капацитетите на институцијата, во луѓето на оваа институција, а не во самата институција. За овие 4-5 години што имаат мандат по закон, имаат ли еден случај кој е успешен во однос на постапката т.е. дека не ја завршиле работата до крај како што треба“, рече Груби.
За Груби и неговите сопартијци, Антикорупциската покрена неколку случаи – дека ги злоупотребуваат службените возила и ги злоупотребуваат+ државните простории за приватни интереси. Претходно, Груби рече од Антикорупциската му биле љубоморни зошто не ги добиле просториите во кој е сместено Министерството со кое тој раководи.
Фатлуме Дервиши