Антикорупциска доби претставки за прекршување на изборниот процес

Mefail Ismaili
Вработувања, асфалтирање патишта, злоупотреба на службени возила и други законски прекршоци повторно се дел од предизборната кампања за време на локалните избори. Антикорупциската комисија примила вкупно 45 пријави во кои има сомнежи дека се нарушувал изборниот процес и предизборната кампања.
Комисија за спречување на корупцијата
„Од добиените пријави, 27 се однесуваат на незаконски постапки и злоупотреби за вработување остварени при избраниот процес, 4 се однесуваат на реконструкција и асфалтирање на локални патишта, додека 14 за други законски неправилности направени во текот на процесот и предизборната кампања… како што се употреба на службени возила за изборни цели, предвремен почеток на предизборната кампања од страна на кандидатите, купување гласови, користење на социјалните мрежи и рекламирање за изборни цели.“
Од Антикорупциска велат дека самоиницијативно отвориле уште 6 предмети, по кои постапките сè уште се во тек. Велат и дека во една од пријавите констатирале прекршување на изборните процедури.
Комисија за спречување на корупцијата
„До 09.11.2021 година Антикорупциска постапуваше по сите примени пријави за изборни нерегуларности и одлучуваше за 6 предмети. При постапувањето за еден предмет, Антикорупциска, констатирала прекршувања на законските одредби, за што одлучи да поведе постапка за утврдување одговорност за службено лице – директор на училиште кој е дел од предметот, до надлежниот орган, односно градоначалникот на Битола.“
МВР објави 69 случаи за агитирање по вториот изборен круг. Имаат добиено над 100 претстави за прекршување на гласањето. Но, денеска не можеа да дадат повеќе детали за конкретните постапувања за случаите изнесени во текот на изборниот процес.