МАКЕДОНИЈА
Антикорупциска ќе бара намалување на износот за апанажа

Во периодот од 2014 до 2018 вкупно 107 избрани и именувани лица користеле право на апанажа. Просечната плата која ја добивале пратениците по основ на апанажа изнесува 100 илјади денари, додека за лица именувани во Владата апанажата просечно изнесувала 71 илјади денари. Антикорупциска во својата анализа ќе бара измени во ова право односно да се намали износот за апанажа.