ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска лупа за семејните вработувања во Управниот суд

Комисијата за спречување на корупцијата работи на предметот против претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини, по анонимната пријава за вработување на двајца членови од исто семејство во оваа институција. Според Антикорупциска, процесот во моментов е во фаза на верификација на фактичката состојба. Не сакаат да даваат дополнителни коментари за постапката и сомнежите изнесени во кривичната пријава добиена на 28 јуни.

Но, Сејдини во своето појавување во јавноста тврдеше дека нема информации за вработувањата бидејќи тие биле надлежност на судскиот администратор. Тој, исто така, ги отфрли обвинувањата дека давал судски предмети на рака и намерно дозволувал некои од нив да застаруваат.

Кривичната пријава којашто беше поднесена против Сејдини од вработени во судот, а која ја објави Алсат, ја добија сите надлежни институции, вклучително и Владата и вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска. Досега никој од нив ништо не коментираше, исто како и Финансиска полицијата.

Сејдини тврдеше дека цел на ваквите обвинувања против него е да се нападне институцијата, тврдејќи дека за време на неговиот мандат како претседател на Управен, немало, нема и ќе нема дистрибуција на предмети надвор од електронскиот АКМИС систем. Од Министерството за правда, како ресор кој се грижи за имплементација на овој систем, досега немаат објавено дека преземале чекори за проверка или утврдување на изразените сомневања.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button