ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска најави отворање предмети за судиите, премиерот и министрите

Членовите на антикорупциската комисија ќе ја започнат Новата година со отворање предмети за 15 градоначалници плус првиот човек на Град Скопје. Според претседателката на оваа комисија, Билјана Ивановска, поради локалните избори, приоритет во процесот имаат градоначалниците.

Advertisements

Во стратешкиот план за контрола на службените лица за следната година, кој антикорупционерите го одобрија денеска, втори на списокот се сите судии.

На дното на списокот за проверка се наоѓаат премиерот, министрите и нивните заменици. Антикорупционерите бараат Собранието да ја усвои Националната стратегија за борба против корупцијата, измените и дополнувањата во законот за укажувачи и да се зајакнат капацитетите на Антикорупциската комисија.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button