ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска не може да собере документи за автопатите

Во скоро време не се очекуваат резултати од предметот што го покрена Антикорупциската комисија за надзорот над патиштата што ќе ги гради „Бехтел – Енка“. Антикорупционерите велат дека се соочуваат со проблеми прибирајќи ја документацијата, меѓу кои и самиот договор со американско-турскиот конзорциум. Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека договорот бил класифициран по барање на фирмата. Од друга страна, вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска денеска рече дека тоа е договор од стратегиски интерес и не смета дека треба да се крие од јавноста. Во меѓувреме, антикорупционерите се обидуваат да дојдат до потребните документи.

Advertisements

„Ги прибираме податоците и документацијата, малку оди бавно. Во нашава држава никој не е надлежен за ништо. Така што имаме малку проблеми да го обезбедиме договорот со „Бехтел и Енка“. Нешто добивме, започната е анализа на податоците, меѓутоа ќе потрае, бидејќи е обемен материјалот и многу е тежок предметот“, рече Катица Николовска – член на ДКСК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button