ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска: Обвинителствата бавно постапуваат по нашите предмети

Антикорупционерите бараат побрза и поефикасна работа на обвинителствата, судовите и државните институции. Иако предметите кои ги покренале под сомнение дека во нив има незаконие, се од особен јавен интерес, сепак надлежните во понатамошната постапка не презеле никакви активности за постапките да финишираат. Од почетокот на мандатот на овој состав на Антикорупциска од отворените случаи, одговор добиле само за 30 отсто.

Advertisements

„За јавните набавки во ДИК предметот е даден уште во 2019 година, и се уште нема разрешница. За Деталниот урбанистички план дадено е уште пред шест месеци се уште нема разрешница. Значи сметам дека тоа е од особен јавен интерес за кој што треба Јавно обвинителство да се произнесе бидејќи има низа такви урбанистички планови кои се донесени на ист начин. Од друга страна, сметаме дека оценката на Уставниот суд до сега требаше да ја добиеме, уште летоска го дадовме предметот за законот за Бехтел и Енка“, рече Билјана Ивановска претседател на ДКСК.

Ивановска дополнително порача дека секогаш може да се направат повеќе напори и да се испочитуваат сите препораки и мислења дадени од страна на комисијата. Инаку, во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија беше нотирано дека Антикорупциската комисија има напредок во делот на борбата против корупцијата и судирот на интереси.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button