ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Антикорупциска, предмет за поранешната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска
Антикорупциска, предмет за поранешната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска

Државната комисија за спречување на корупцијата попладнево соопшти дека отворила предмет по допрен глас за да се утврдат наводите за злоупотреба на буџетски пари од страна на поранешната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со обвинување дека на патувањето во Лондон минатиот октомври, екс министерката со буџетски пари пазарела за приватни потреби. Потоа, велат од партијата, за да ги оправда потрошените пари, ги поднела сметките во Министерството.