ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска прекина над 20 постапки против службени лица за неприкажување имот

Антикорупциска прекина над 20 постапки против службени лица за неприкажување имот

Антикорупциската комисија прекина над 20 постапки против службени лица за неприкажување имот. Станува збор за поранешни членови на управните или надзорните одбори од 2021 и 2022 година, додека поради тоа што не биле навремено преземени дејствија предметите се застарени.

Advertisements

„Во предметниот случај има застареност за поведување и водење на прекршочната постапка. Предлагам предлог решение за прекинување на постапката“, рече Сервет Демири, член на Антикорупциска.

Прекинот на овие постапки е направен во рамки на продолжението на шестата седница што Антикорупциска ја почна во понеделникот. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button