ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска: Пропусти при назначување на в.д. директори

Државната комисија за борба против корупцијата по проверката на поставување в.д. директори во државните институции, утврдиле дека оваа функцијата не се користи за да се надмине некоја одредена состојба до пополнување на испразнетото раководно место. Анализата покажала дека овој начин на назначување директори се користи како единствен начин одредени лица да се постават на позицијата. Станува збор за именувања од владата во секторите, образование, култура, јавни претпријатија, здравство како и во Фондот за здравство.

Advertisements

„Поставувањето в.д. директори се врши во континуитет по неколку пати. Сведоци сме по шест по седум пати, избирано е едно исто лице да биде в.д. директор. Понатаму, не се почитуваат материјалните закони за распишување конкурс за избор на директор. Знаете дека в.д. директор може да се избере за период од најмногу шест месеци, меѓутоа од неговото именување во рок од петнаесет дена, потребно е да се распише конкурс за директор. Ова најчесто не се почитува и в.д. директорите во континуитет се избираат“, рече Билјана Ивановска, Претседател на Антикорупциска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button