
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, на која се расправаше за Годишниот Извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023 година истакна дека недостигот на буџетски средства, опрема и недоволната екипираност влијаат на функционирањето на Комисијата. Апелира на редовно ажурирање на податоци од страна на институциите кои вршат избор и именување и кои имаат законска обврска за да доставување на овие податоци со чие непостапување претставува сериозна закана за работата на ДКСК за кое во иднина Комисијата ќе преземе мерки во согласност со законските надлежности.
Секретаријатот на антикорупциска успеа да пополни 47 од планираните 64 работни лица, сепак состојбата покажува недоволна екипираност.
Димитровска нагласи дека примиле 649 пријави, започнале проверка на 21 носител на јавна функција, а издале 160 прекршочни платни налози, односно наплатени глоби во висина од околу 13 илјади евра, а решиле 1.139 предмети.
Пратениците на власта и опозицијата не се двоумеа да ја насочат одговорноста кон политичкиот противник за состојбите со корупцијата во земјата. Но сите се согласуваат дека треба да се направи повеќе.
„Имаме многу институции во државата кои се занимаваат со борбата против корупцијата, ДЗР, Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, инспекторатите, односно десетици институции и гледаме дека досега е направено многу малку. Овој извештај се однесува на состојбата со корупцијата во друга политичка ситуација, кога на власт беше друга структура. Да се надеваме дека тоа ќе се промени“, вели Беким Ќоку, пратеник од ВРЕДИ.
„Ветингот е неопходен во борбата против корупцијата. Главната цел е Антикорупциска да биде посилна од корупцијата. Нашите податоци велат дека е потребна бескомпромисна борба против корупцијата, политизацијата и криминалот“, изјави Халил Снопче, пратеник на ВРЕДИ.
Членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница само го разгледаа Годишниот Извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023, а усвојувањето останува на наредното продолжение на седницата затоа што претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов ја прекина.
Фатлуме Дервиши