ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупцсика ќе ги испитува бизнис зделките на синот и внуците на Ахмети

Антикорупцсика ќе ги испитува бизнис зделките на синот и внуците на Ахмети

Комисијата за спречување корупција на следниот состанок ќе одлучува дали ќе отвори предмет за синот и двајцата внуци на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, Шкумбин, Дрин и Бесијан за нивно богатење и бизнис активности.

Advertisements

„Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги испита сите околности за нејзиното постапување согласно своите овластувања“, велат од Комисија за спречување на корупција.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека претседателот на ДУИ Али Ахмети треба да им покаже на младите во Македонија како можат да купуваат трговски центри без да вложат денар. Христијан Мицкоски рече дека првиот човек на ДУИ Ахмети на крајот од политичката кариера ќе остане запаметен по криминалот и корупцијата што секојдневно го прават  членови на неговото семејства.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера побара надлежните институции да ги спроведат потребните истраги, но додава дека не може да ги спречи членовите на семејството да работат.

„Се што е легално треба да се почитува, се што е незаконски да се казни. Сепак, не можам да ги спречам роднините да имаат ангажмани во нивните деловни области. Но нека излезат со аргументи дека некоја институција или некоја фирма е злоупотребена од мене во име на функцијата што ја извршувам како лидер на партија или како пратеник, тоа е друга работа за која можеме да разговараме“, изјави Али Ахмети, прв човек на ДУИ.

Внукот на Али Ахмети, Дрин објави дека влегол во трговскиот центар „Соравија“ без да вложи ниту денар, додека опозицијата го обвинува дека неговата фирма добила тендер за варовник. За другиот внук на Ахмети, Бесијан, опозицијата вели дека тој ја напуштил компанијата што сега ја води Дрини и бил ангажиран како нов соработник за набљудување и следење на договорите за концесија за минерални суровини во Министерството за економија, од каде опозицијата се сомнева дека влијаел за фирмата на неговиот брат да добива тендери. Додека синот на Али Ахмети, Шкумбин, според ВМРО, заедно со неговите братучеди Дрин и Бесијан се подготвуваат да отворат  фотоволтаична централа за производство на струја.

 Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button