СПОРТФОРМУЛА - 1

Антонели казнет за судирот со Верстапен

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, беше казнет со три места на стартната линија во Силверстоун поради судирот со Макс Верстапен денес.

Advertisements

Италијанскиот пилот на Мерцедес го удри Макс во првиот круг од Големата награда на Австрија, а Верстапен беше елиминиран по инцидентот.

Ударот се случи во кривината 3 откако Антонели ги блокираше тркалата, а потоа мораше да ги отпушти сопирачките за да избегне судир со друг автомобил, но го удри Макс. Антонели му се извини на светскиот шампион и ја призна својата вина пред стјуардите.

Антонели, исто така, доби два казнени поени – првите во неговата кариера во Формула 1.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button