МАКЕДОНИЈА

Апасиев ги отфрли уставните измени, за него предлагачите се одродена политичка елита

Ова ќе биде единственoто излагање пред уставната комисија, рече претседателот на Левица, Димитар Апасиев, критикувајќи ја власта дека насила и безглаво влегла во процес на уставни измени, за кој однапред се знаело дека нема двотретинско мнозинство. За него, материјалната расправа е безвредна.

Advertisements

„Влеговте во процесот вртоглаво без да обезбедите дво-третинско мнозинство. Вие премиере направивте сметка без крчмар. Се ова што ние денес го зборуваме е обична козметика, знаејќи дека влегуваме во еден лузерски процес бидејќи вие навикнавте и сакате и нас како македонска нација да не навикнете на порази. Првото нешто беше францускиот предлог за бугаризација, спортски кажано – вие и Османи изгубивте 17:2 во овој процес. Независни германски експерти ви кажаа дека ова е чудо на бугарската дипломатија или како што велат во Бугарија, ‘смрт за македонизмот’, овој спој на неоглобализам и неоврховизам и тие велат „полекичка и на рати“, применуваат врз вас салама тактика – не знам дали не гледате или се правите дека не гледате. Или ве сецкаат на парчиња или да се изразам на италијански, имаат една изрека ‘кокошка се кубе пердув по пердув’ – дипломатски жаргонистички кажано вие сте искубана кокошка во споредба со византиската-грчка дипломатија или бугарската дипломатија која ви направи хет – трик“, рече тој.

Апасиев зборуваше и за правните последици кои ќе ги предизвикаат уставните измени, нагласувајќи дека според него, биде тешко да се проголтаат бидејќи водат кон бугаризација на земјата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button