МАКЕДОНИЈА
Апасиев: Левица нема да поддржи Албанец да биде претседател на Собранието

Пратениците на Левица нема да го поддржат Африм Гаши од Алтернатива да биде претседател на Собранието. Лидерот на партијата Димитар Апасиев пред почетокот на конститутивната седница изјави дека тие не би дале поддршка Албанец да биде претседател на Собранието.
Апасиев рече дека очекува „косовизација“ на државата, и му понуди на Мицкоски, како што кажа, бланко поддршка за тоа да не се случи.
– Ние би дале поддршка од нашите шест да не биде Албанец претседател на Собранието. Отворено го повикуваме Мицкоски, бланко поддршка на невидено само да не биде косоваризиран повторно македонскиот парламент, рече Апасиев.