МЕТРОПОЛ

Апел на експертите: Запрете го „неодговорниот социјален експеримент“ со деца и вештачка интелигенција

Во време кога се покажува дека системите со вештачка интелигенција не само што измислуваат, туку и  почнаa да ги лажат луѓето и кога самите инженери не го разбираат целосно однесувањето на моделите што ги развиваат, изложувањето на најмладите на оваа технологија не изгледа како најпаметна идеја.

Advertisements

Експертите се согласуваат со ова. Како што објасни еден од претседателите на организацијата за права на потрошувачите, Роберт Вајсман, за „Индипендент“: „Мател“ (компанија за производство на играчки) не смее да ја ризикува довербата што им ја даваат родителите и да го спроведе овој неодговорен социјален експеримент продавајќи детски играчки што вклучуваат вештачка интелигенција.

Вистинска штета за децата

Тој објасни дека децата немаат когнитивен капацитет да разликуваат помеѓу реалноста и играта, а давањето човечки глас на играчките на крајот може да предизвика вистинска штета за децата. Ова првенствено се однесува на забавување на нивниот развој, но и на формирање односи со врсниците. Имено, ако почнат да комуницираат со играчки што се направени да кажат само она што децата сакаат да го чујат, освен што ќе создадат некаков пријателски однос со нив, веројатно ќе им биде многу потешко да комуницираат со своите врсници бидејќи нема секогаш да бидат толку пријателски настроени кон нив. Понекогаш ќе сакаат различни работи, понекогаш ќе се караат (што, се разбира, е дел од растењето низ кое треба да се помине), па затоа децата можеби претпочитаат да си играат со играчки што ги слушаат и се согласуваат со нив во сè.

Според Вајсман, единственото нешто што „Мател“ треба веднаш да го направи е јавно да објави дека нема да вклучува технологија на вештачка интелигенција во детските играчки.

Тој објасни дека комуникацијата со ChatGPT веќе се чувствува како разговор со вистинска личност и оти е јасно дека иднината носи уште пореална комуникација. Кога на ова ќе ја додадеме можноста за реалистичен глас, јасно е дека линијата помеѓу вистинските луѓе и технологијата станува сè потенка.

Извор: The Independent

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button