ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Апелација го врати предметот за поранешниот владин секретар Мухамед Зеќири на повторно судење

Апелација го врати предметот за поранешниот владин секретар Мухамед Зеќири на повторно судење

Апелациониот суд го врати предметот во кој поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за „злоупотреба на службената должност“. Случајот се однесуваше на договорите за консултантски услуги за евентуална приватизација на Акционерското друштво Македонски пошти и железници, со што Зеќири според првостепената пресуда го оштетил државниот буџет за над 57 милиони денари.

Advertisements

„По одржувањето на јавната седница за јуни 2024 година, на 06.09.2024 година, донесено е решение со кое се прифаќа жалбата на обвинетиот М.З. а пресудата на Основниот кривичен суд Скопје по жалба и по службена должност го поништи и предметот го врати на повторно постапување. Жалбата на Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, наведена во врска со решението за конфискација, е оценета како нерелевантна во оваа фаза од постапката“, велат од Апелационен суд.

Кривичниот суд Скопје во декември минатата година го осуди Зеќири под обвинение дека склучил договор на четири очи, без да даде можност за конкурентни понуди. Покрај затворската казна, Кривичен го задолжи Зеќири да ја надомести штетата од над 1,1 милион евра во рок од шест месеци.
Зеќири, кој во текот на судењето изјави дека не се чувствува виновен за делата за кои се товари, по изречената казна, рече дека во целиот судски процес не се докажало умисла на делото./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button