ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Апелација одлучи – Мухамед Зеќири останува во притвор

Поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири останува во притвор. Вака одлучи Апелацискиот суд Скопје по јавната седница на која Зеќири образложуваше дека нема намера да избега од државата. Од Судот појаснуваат дека гаранцијата која ја понудил Зекири воопшто не била разгледувана, а притвор му бил одреден покрај опасноста за бегство, и поради опасност да ја попречи истрагата. Зеќири на јавната седница, рече дека има семејство за кое треба да се грижи, и не му паѓа на памет да бега.

Advertisements

Тој исто така кажа и бил во тек со предистражната постапка и дека ги потпишал сите документи кои ги барале од него, а кога му бил одреден притвор, поднесе оставка за да не ја попречува истрагата. Обвинителството за гонење на организиран криминал го сомничи за злоупотреба на функцијата владин генерален секретар, за склучување на консултантски услуги без тендер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button