ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Апелација во еден месец, му поништи 20 години затвор на Мијалков

Апелација во еден месец, му поништи 20 години затвор на Мијалков

За неполн месец Апелациските судии му укинаа 20 години затвор на поранешниот шеф на Државната безбедност Сашо Мијалков. Во двата случаи, одлуката ја донесе совет на чие чело е Јани Нича. За предметот „Таргет-Тврдина“ останати членови на советот се судиите Енвер Беџети, Тања Милева, Лидија Чачева и Ѓоко Ристов. Одлуката предизвика бурни реакции во јавноста, како кај граѓаните, така и кај политичарите, бидејќи овој случај е најголемиот скандал во поновата историја на Македонија, во кој беа прекршени основните човекови права со прислушување  на 20.000 граѓани. Претседателот на државата Стево Пендаровски изрази шокираност. Според него, одлуката ја нарушува довербата на граѓаните во судството.

Advertisements

„Шокиран сум од одлуката на Апелациониот суд за случајот „Таргет-Тврдина“. Одлуката е пораз за владеењето на правото и доказ за слабата доверба на граѓаните во судството. Ваквите одлуки ја погребуваат надежта на граѓаните дека се можни вистински реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата“,изјави Стево Пендаровски, претседател на државата.

Поранешниот премиер Зоран Заев, кој го обелодени скандалот со прислушувањето и објави дел од „бомбите“ како тогашен лидер на опозицијата, прашува кои се следните чекори.

„Со двете поништени одлуки директно се упатува на враќање,а со тоа и на повторување на грозоморните дејствија на режисмката врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви грозоморни дејствија  со кои се газат масовно човековите права и сите вредностите за кои се бореше целиот народ, пред само неколку години преку Шарената револуција.

Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? И утре да станеме членка на ЕУ, тоа нема да го измие овој срам“, , нагласи Зоран Заев, поранешен премиер.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека покрај одговорноста што треба да го има судството, одговорност треба да се бара и од функционерите на владејачките партии.

„Едно е сигурно и јасно. Клиентелизмот, корумпираното судство и обвинителството се  со кадри на ДУИ и СДСМ, во што се уверивме во последниот период со кадровските  решенија во Основното обвинителство, Судскиот совет и Академијата за судии и обвинители, каде од партиските штабови станиуваат дел во стручните институции. Ова говори дека судскиот систем во државата е на колена“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека не може да ја коментира одлуката на Апелација.

„Доколку нема сериозна аргументација Апелација да објасни пред ЕК за одлуката верувајте ќе бидат именувани и засрамени, но можеби имаат аргументи и затоа и јас не сакам да прејудицирам кои биле тие прекршувања во првостепена процедура бидејќи сепак ние треба и човековите права да ги почитуваме. Тоа е важен дел во нашето европеизирање“ изјави Османи.

Апелациониот суд вчера ја укина пресудата и случајот „Таргет-Тврдина“ во кој поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков беше осуден на 12 години затвор за масовно незаконско прислушување го врати на повторно судење. . Заедно со Мијалков за истиот случај на 4 години затвор е осудена и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а по 15 години затвор беа осудени поранепните полициски функционери Горан Грујевски и Никола Бошковски. На почетокот на 2025 година застарува обвинението за масовното прислушување кое може да го спаси Мијалков и другите поранешни структури на МВР од затворска казна. Доколку за две години  не се донесе нова одлука во Основниот суд, Мијалков, Јанкуловска, Грујевски и Бошковски се спасуваат без вина за масовното прислушување./Аlsat.mk

Мефаил Исмаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button