МАКЕДОНИЈА

Апсење во Арачиново, приведен криумчар на мигранти

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска  во 11.40 часот во с.Арачиново, скопско, го лишиле од слобода А.А.(27) од село Арачиново. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години и шест месеци за сторено кривично дело по член 418 – б од Кривичниот законик.

Advertisements

Како што информираат денеска од МВР, лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button