МАКЕДОНИЈА

Апсење во гостиварско, при претрес пронајдено оружје и муниција

Две лица се лишени од слобода во ПС Гостивар откако полицијата денеска, по добиена судска наредба, извршила претрес на дом и други простории кај Е.Ф. (23) во гостиврското село Ломница.

Како што соопшти МВР, при претресот од лицето С.Ф.,татко на Е.Ф., пронајдени и одземени се две автоматски пушки, четири рамки за автоматски пушки, 231 куршум за автоматска пушка и 20 патрони за ловна пушка.

Претресот го извршила Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

– Извршен е службен разговор во кој С.Ф. појаснил дека пронајденото оружје и муниција се негови и по извршеното вештачење, во консултација со Јавниот обвинител од ОЈО Гостивар, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, се вели во соопштението од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button