МАКЕДОНИЈА

Апсење во Велес, тројца приведени, пронајдена дрога

Во Велес полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес вчера во 15.10 часот ги лишиле од слобода 30-годишната М.А., П.Т.(34) и Б.А.(42), сите од Велес, соопштија денеска од МВР.

– При претрес во домот на М.А., извршен со наредба од Основен суд Велес, каде биле затекнати П.Т. и Б.А., биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, таблети и дигитална вага, стои во соопштението.

Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button