МАКЕДОНИЈА

Арбен Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, преку писмено обраќање одговори на актуелните случувања по напуштањето на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари на владината коалиција.

Advertisements

Во писмо испратено до медиумите Фетаи им се обраќа на членовите, симпатизерите и гласачите на Алијанса за Албанците, каде вели дека тие не се само поддржувачи на партија, туку чувари на кауза и идеал кој никогаш не бил продаден или наведнат.

Фетаи вели дека им се обраќа на оние што ја граделе Алијанса за Албанците со труд и посветеност, дури и кога сè било против нив, на оние кои биле прогонувани поради нивните политички убедувања, но не се предале повеќе од 20 години, и на оние кои никогаш не дозволиле партијата да стане алатка за лични интереси.

„Денес, заедно, се наоѓаме на историска раскрсница. Пред една година, донесовме храбра одлука – да ја предводиме долгоочекуваната, но никако задоцнета променa“, пишува Фетаи.

Тој додава дека и денес имаат иста храброст и визија, но не можат да живеат во минатото, туку мора да ја градат иднината со истрајност и достоинство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button