Арбен Таравари го собира раководството на АА за да го потврди неговото заминување од Владата
Арбен Таравари го собира раководството на АА за да го потврди неговото заминување од Владата

Арбен Таравари вечерва во Тетово го собира партиското раководство за да ја запечати одлуката за напуштање на Владата и преминување во опозиција. „Кога сите трчаат да влезат во влада, ние ја напуштаме владата“, најави Таравари сношти во Врапчиште, потврдувајќи ја кандидатурата на Исен Шабани, кој штотуку се приклучи на редовите на Таравари, за трет мандат. Пред поддржувачите во Врапчиште, Таравари рече дека не може да прифати да игра улога на марионета во влада, нагласувајќи дека Албанците не ја постигнале ветената промена, додека во државната администрација се маргинализирани.
“Алијанса за Албанците одлучи дека утре или задутре, партиските тела ќе одлучат достоинствено, кога сите трчаат да влезат во владата, ние да ја напуштиме владата, да ја напуштиме владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт”, рече Арбен Таравари – AА.
Сепак, според извори на Алсат, не целото раководство на партијата е на страната на Таравар .Алсат дознава дека високи членови на партијата; пратеници, министри и директори можат да му свртат грб на Таравари и да продолжат заедно со ВЛЕН во Владата. Ова повеќе или помалку го потврди и премиерот Христијан Мицкоски, кој алудираше дека одлуката што ја донесе Таравари, според него, да заврши во прегратката на Али Ахмети, не е одлука на членствотоа на партијата. Најмалку што очекував од Таравари и некои луѓе блиски до него беше да завршат во прегратката на Ахмети, рече премиерот, додавајќи дека во текот на неделата ќе го испие последното кафе од учтивост.
„И убеден сум дека тоа е одлука на некои други и дека ова не е одлука на членството на АА и голем дел од членовите кои се дел од владата„, рече Христијан Мицкоски – премиер.
Разделбата меѓу Таравари, ВЛЕН и Владата започна кога АА ги повтрди своите контакти со Али Ахмети и шемата за заедничка поддршка на претстојните локални избори, што беше спротивно на мисијата поради која се формираше ВЛЕН и владината коалиција. И додека траеа разговорите со раководството, и бескрајните преговори со Влен, раководството на Таравари веќе донесе одлука да се натпреварува со посебни листи за советници, по што следуваше поделба меѓу нив. Таравари се надеваше дека ќе остане во Владата, но Мицкоски соопшти дека за него повеќе нема место./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу