ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арбен Таравари избран за претседател на Алијанса за Албанците

Арбен Таравари избран за претседател на Алијанса за Албанците

Арбен Таравари е избран за претседател на Алијанса за Албанците со целосен мандат. На третиот вонреден конгрес Таравари доби едногласна доверба од делегатите. Во својот прв говор како претседател Таравари зборуваше за предизвиците што ја очекуваат Алијанса и ја спомена неговата визија за промени во албанскиот политички блок.

Advertisements

Поранешниот претседател на Алијанса, основачот на оваа партија, Зиадин Села, во своето излагање рече дека Алијанса не е и нема да биде лична сопственост на никој, освен на Албанците.

„Политичките партии не можат да бидат сопственост на поединци, затоа денес сум тука со најголема гордост да ви кажам дека го одржав зборот како и досега. Алијанса никогаш не била на Зијадин Села и никогаш нема да му припаѓа на никој друг освен на Албанците. Ќе ја негува потребата што ја имаат Албанците“, рече Зијадин Села Поранешен претседател на Алијанса за Албанците.

Таравари на чело на партијата доаѓа после Села, кој се повлече како резултат на лошите изборни резултати на минатогодишните локални избори и на изборите за Совет на општина Тетово во август годинава./Alsat.mk

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button